Антонио Аранѓеловиќ

Антонио Аранѓеловиќ (Тонио Сан) е роден во Скопје, каде во основно образование посетува сликарска и цртачка Школа „Дега“, која издава неколку боенки за деца, рекламни плакати и списанија со негови цртежи и слики.

Завршува Средно Уметничко Училиште во Скопје, а дипломира и магистрира на Ликовната Академија во Скопје во областа на Графиката. Има работено на повеќе проекти во областа на Графичкиот дизајн, илустрацијата и анимацијата.
Од 2015 год. е универзитетски Професор на Факултетот за Дизајн и Мултимедија при Фон Универзитетот, каде предава Техники на Цртање, Графички дизајн и Стрип дизајн, а ги менторирал и предметите Карактер дизајн, Сториборд, Ликовно изразување на Архитектонскиот Факултет при Фон итн.

Позади себе има три самостојни изложби со цртежи, слики и графики, многубројни групни изложби внатре и надвор од државата, неколку стрипови од кои најуспешна е графичката новела „Некои Мали Нешта“, има дизајнирирано и илустрирано повеќе книги, музички кавери, насловни страни итн.

Во 2024 работи на издавањето на својата втора графичка новела насловена „9 животи“.

facebook