Белкис Аксу

Белкис Аксу е илустратор и стрип автор од Скопје. Има илустрирано детски книги и атласи, а има работено и на мурали во Скопје. Дополнително, зад себе има учество на настани посветени на дизајнот во Измир, Истанбул, Лондон, и Скопје, каде има организирано работилници за илустрација. Од 2020 год. таа дава часови за илустрација онлајн како дел од програмата @illustrasyonkulubu. Периодов, таа го црта својот прв графички роман и вебкомик наречен „Всушност, нејзиното лице е прекрасно“ (@aslindayuzuguzel) во кој таа раскажува за влијанието на медиумите врз перцепцијата на телото. Таа има мачка што се вика Минос.

instagram