
Дамјан Михаилов
Првиот гостин кој имаме чест да го најавиме е ДАМЈАН МИХАИЛОВ кој на фестивалот ќе го промовира стрипот “Lucy the Necromancer”
Дамјан Михаилов е роден во 1984г во Скопје и тој своето образование го започнал со архитектурата, но цртањето и анимацијата отсекогаш биле неговата пасија.
Повеќе од 15 години работи како дигитален уметник и аниматор на разни проекти како што се анимирани телевизиски серии, филмови, документарци, реклами, стрипови и игри.
Денес работи како технички уметник и аниматор и е еден од основачите на студиото за изработка на видео игри “Furious Avocado”.
Тој е автор на стрипот “Lucy the Necromancer” на кој работи во своето слободно време.



