Дебели Гикови

Следните гости кои што ви ги претставуваме се Марио Спасевски и Огнен Златков, водителите на македонскиот поткаст што стреми кон промоција и ширење на поп културата во Македонија – ДЕБЕЛИ ГИКОВИ!

Марио Спасевски е млад новинар и главен уредник на GGMK кој работи во гејминг полето и индустријата во Македонија. Пасија за игрите има уште од најмала возраст и денес е еден од највлијателните лица во Македонија во таа сфера. Основач е на поранешниот медиум Popculture.mk што своевремено обработуваше теми од поп културата. По професија е дипломиран туризмолог, огромен љубител на патувања и истражувања, со лична цел – до крајот на животот да ги посети сите земји и држави на светов!

Огнен Златков е навидум обичен овен и гик во подзнак кој се мачи со складирање на гиковските работи. Гејмер во обид. Горд сопруг и татко на две деца во кои гледа идни наследници на богатството наречено гиковство.

Гостите Марио и Огнен ќе имаат специјален завршеток на својата сезона со поткаст во живо, директно од кино Фросина! Во текот на поткастот ќе се зборува за поп културата во Македонија, а ќе има многу гости и многу интересни новитети!

instagram
instagram
instagram