
Гаја Смилевска
Гаја Смилевска се претставува себе како 23-годишен студент и илустратор од Скопје што црта кратки стрипови и големи раце.
Смилевска има освоено награди на низа локални и меѓународни изложби, а нејзините дела се објавени и во неколку фанзини. Во 2021 год. на четвртиот конкурс за стрип наградата Лифт учествува со „Dear Father“. Зад себе ги има и научно-фантастичниот стрип „RE:VIVIFY“ и краткиот стрип „Немам раце“.
Во април 2024 год. пред јавноста го претстави графичкиот роман „Скрши што судбината гради“ во издание на „Флип Бук Букс“. Стрипот црпи инспирација од историски средновековни настани и Византиската империја која владеела на овие простори, а воедно ја тематизира релацијата на младите луѓе со домот, градејќи возбудлива имагинарна авантура.



