Горан Дачев

Горан Дачев – Горанд е роден во Скопје во 1970 год.

Во раните девеесети години од минатиот век, покрај цртежот како основен дел од творештвото, се посветува и на творењето на експресионистички црно-бел андерграунд стрип.

Од 2005 год., покрај графичките приказни, активно му се враќа и на цртежот како на дефинитивен израз во неговото творештво.

Има објавувано во разни магазини, специјализирани за независен стрип од Македонија („Лифт“), Хрватска, Србија, Словенија, Германија, Канада, Литванија, Италија итн.

Има неколку самостојни изложби во земјава и во странство, а учествувал и на повеќе меѓународни групни изложби.

facebook