
Никола Темков
Никола Темков е стрип автор, илустратор, уредник, и ко-основач на издавачката куќа „Стрип Квадрат“. Зад себе има повеќе изданија, меѓу кои самостојните стрип албуми „Различни светови“ и „Алиф и Зен“, како и колаборативните проекти „Ајвармен“ и „League of Aquatic Heroes”.
Неговите стрипови и текстови се објавувани во низа македонски списанија како „Стрип Арт“, „Стрип Креатор“, „Синдром“, и „Деветка“, српските списанија „Strip Pressing”, „Think Thank“, и „Градинар“, француското издание „Francopholie“, и американските „Sawdust“ и „Stalker“.
Има илустрирано книги и сликовници за издавачи од Англија (Earlywork Press), САД (Workshed Studio), и Македонија (Просветно Дело, Култура, Табернакул, Едука Мак). Има учествувано на повеќе групни и самостојни изложби во Македонија, Србија, Франција, Грција, и Чешка.
Во 2013 год. заедно со Игор Јовчевски ја основа издавачката куќа „Стрип Квадрат“ која има издадено голем број на стрипови и книги, а стои и зад стрип магазинот „Деветка“.



