
Владимир Благојевиќ
Владимир Благојевиќ – Владодлак е дипломиран етнолог со долгогодишно искуство како едукатор во Музеј на Република Северна Македонија и координатор на работилници за стоп анимација за деца и младинци. Дополнително работи на илустрации и ракотворби во различни техники, претставени на голем број самостојни и групни изложби. На скопската сцена се појавува уште и како диџеј и актер во пар кратки филмови.
Во 2017 год. заедно со Ивица Дукоски како сценарист ја издаваат пилот епизодата од хорор стрипот „Црната аурора“ кој следната година прераснува во графички роман со над 100 табли во издание на „Стрип квадрат“. Во следните неколку години, тандемот Благојевиќ-Дукоски ги објавуваат научно-фантастичните серијали „Неонски ноќи“ и „Светите ловци“, епската фантазија „Лом“, и авантурата за деца „Аника и Тигран“.
Во 2024 год. го завршува првото продолжение од фолк хоророт „Патот на старите богови“ каде се јавува како комплетен автор, а работи и на ново продолжение на „Неонски ноќи“.



