Здравко Гиров

Здравко Гиров живее и работи во Скопје. Љубовта кон стрипот ја стекнал на рана возраст, а професионално се занимава со овој медиум од 2000 год. кога е публикуван стрипот ,,Плагијатор“ по сценарио на Давор Драмиќанин во стрип ревијата „Лифт“. Оттогаш наваму неговите стрипови се публикувани во низа македонски и странски стрип ревии и магазини меѓу кои „Стрип Арт“ (Македонија), „Стрип Креатор“ (Македонија), „Наш свет“ (Македонија), „Think Tank“ (Србија), „Синдром“ (Македонија) и други. Гиров и Драмиќанин се и движечката сила на Здружението за промовирање на стрип културата „МАКСТРИПОВИ” чија мисија е едукација на младите таленти за подобрување на визуелниот и наративниот дел во стрип приказните. Заедно имаат водено голем број работилници и стрип школи.

instagram